Полскиот ски скокач Камил Штох победи на третото натпреварување од новогодишната турнеја „Четири скокалници“ во Инсбрук.
Штох до победата стигна со два одлични скока од 127,5м и 130м и со вкупно 261,6 поени го освои првото место. Втор во Инсбрук беше Словенецот Анже Ланишек со 249,6 поени и скок од 123,5 метри во втората серија, а на третата позиција се пласираше Давид Кубацки со 248,3 поени.
Во генералниот пласман на новогодишната турнеја води Штох со 809,9 поени пред Кубацки кој има 794,7 поени, а натпреварувањето ќе биде завршено со скоковите во Бишофсхофен кои ќе се одржат на 6-ти јануари.