„Штрковите“ максимално подготвени ја очекуваат новата сезона

0

Кошаркарскиот состав на МЗТ Скопје со шампионски амбиции ќе влезе во новата сезона на домашната и меѓународната сцена. Популарните „штркови“ со комбинација на младоста и искуството ќе се обидат да наметнат атрактивна игра која ќе им ги донесе посакуваните успе, тоа меѓу другото го изјави на средбата со новинарите директорот на клубот, Тони Грнчаров.  Капитенот,  Дамјан Стојановски, пак,  потенцира дека тимот е добро подготвен и дека сака да ја отвори сезоната со триумф против словенечкиот Хелиос.

„Добро сме подготвени, мора да бидеме на повисоко ниво и да го подобриме впечатокот, ќе мора да имаме подобра одбрана. Истовремено, треба и побрза и поагресивна игра. Така ке дојдат и резулатите. Што се однесува до противникот, се ќе зависи од нас. Немаме доволно информации за Хелиос  и ќе мора да имаме добра одбрана и да бидеме пожртвувани на теренот“ вели  Стојановски.

„МЗТ е голем клуб. Среќен сум што сум тука. Доаѓам од хрватската лига, но, нема голема разлика со Македонија. Не чека АБА-лигата и македонското првенство. Има добри екипи, добри играчи, не чека тешка борба. АБА-2 не е воопшто слаба лига, има добри и квалитетни екипи“ – изјави новото засилување Иванов пред утрешниот меч со Хелиос кој ќе започне во 19:00 часот.

Share.

Leave A Reply