„Штрковите“ потпишаа нов договoр со високиот центар

0

Андреј Маслинко ја продолжи соработката со кошаркарскиот состав МЗТ Скопје за уште една година. Центарот кој беше ангажиран во 2017 година, во претходната сезона во домашниот шампионат имаше солиден просек од 10,2 поена и 4,9 скокови.

„Неговото задржување е нова потврда на нашите заложби за давање на шанса на талентираните домашни играчи кои во иднина би биле движечка сила на македонската кошарка“ – се потенцира во известувањето на МЗТ Скопје.

Познато е дека популарните „штркови“ претходно ја продолжија соработката со тренерот Ѓорѓи Кочов и со Стојановски.

 

Share.

Leave A Reply