Штутгарт го отпушти тренерот по тешкиот пораз од Аугсбург

0

Раководството на Штутгарт го отпушти тренерот Маркус Вајнцијрл неколку часа по тешкиот пораз со 6:0 од Аугсбург, со што по втор пат оваа сезона клубот се разделува со својот тренер.

Штутгарт е на 16-то место на табелата, кое му носи меч во плеј-офот за опстанок во Бундеслигата со екипа од втората лига. Спортскиот директор на Штутгарт, Томас Хицелшпергер изјави дека желбата на сите е да останат со Вајнцијрл до крајот на сезоната, но поразот со 0:6 го променило мислењето.

„По резултатот во Аугсбург моравме да реагираме веднаш, да бараме промена, да создадеме нова ситуација околу тимот и да избегнеме испаѓање”, изјави спортскиот директор. Нико Вилих, кој до сега беше тренер на младинците до 19 години, во моментов ја презема функцијата со привремено именување како тренер на првиот тим.

Штутгарт ја започна сезоната со Тајфун Коркут, кој остана на своето место само 7 натпревари. Потоа неговата работа ја доби Вајнцијрл, кој постигна само 4 победи во 23 натпревари и тешкиот пораз го смени од тренерското место. Сега тие се 6 поени зад Шалке 04, кој е на 15.место кое гарантира опстанок.

Share.

Leave A Reply