Швајцарците остануваат без Шаќири за дуелите со Грузија и Данска

0

Швајцарската фудбалска ѕвезда Џердан Шаќири се повреди и нема да биде дел од репрезентација на стартот на квалификациите за ЕП.

Фудбалерот на Ливерпул нема да му биде на располагање на селекторот Владимир Петковиќ за гостувањето кај Грузија во сабота и за дуелот со Данска три дена подоцна.

Шаќири има повреда на препоните поради која ќе мора да помине извесен период надвор од терените.Тој се појави на собирот на репрезентацијата на Швајцарија, но не беше дел од првиот тренинг.

Share.

Leave A Reply