Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Роџер Федерер, остави простор дека може да се појави на Мастерсот во Рим кој ќе започне во наредната работна недела иако тој турнир не беше вметнат во неговиот распоред.
Швајцарецот кој претходно најави дека ќе се насочи само кон турнирот во Мадрид и вториот годинашен Грен Слем на терените на „Ролан Гарос“, сега вели дека работите може да се променат во последен миг. Федерер тоа го потенцираше во интервјуто за – „Ел Паис“.
„За турнирите од Мастерс серијата влегуваш автоматски на листата. Јас сум пријавен за Рим. Ако не учествуваш, тоа значи дека си повреден. Јас сум фокусиран само на собирите во Мадрид и во Париз” – потенцираше Федерер кој денеска во 20.00 часот го очекува мечот со Французинот, Риџард Гаске.