Швајцарецот нема да се бори за пехарот во Њујорк

0

Тенисерот од Бугарија,  Григор Димитров, влезе во полу-финалето на Отвореното првенство на  САД откако  го елиминираше петкратниот освојувач на титулата, Роџер Федерер,  кој во еден дел од мечот побара медицински третман поради повредата на грбот.

Димитров во маратонски меч кој траеше повеќе од три часа успеа да победи со 3:2, по сетови (3:6, 6:4, 3:6, 6:4, и 6:2).

Димитров кој е на 78-то место на АТП листата сега го очекува пресметката со Русинот, Данил Медведев.

Share.

Leave A Reply