Македонија своите натпревари од квалификациите за ЕП 2022 година ќе ги започне со натпревар на домашен терен против Финска.
Во текот на вчерашниот ден селекторот Данило Брестовац го објави списокот за првите евро-квалификациски дуели, се очекува по викендов да биде и првиот собир на репрезентацијата. Нашата ракометна репрезентација во овој ноемвриски циклус треба да одигра два натпревари, дома против Финска, натпревар кој закажан за в среда во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20:00 часот, а потоа ќе гостуваме во Швајцарија. Првично беше планирано Швајцарците да ја дочекаат Македонија во градот Цуг, но дојде до промена и мечот е преместен, па ќе се одигра во Шафхаузен.
Промена на датумот нема и останува натпреварот да се одигра на 7.ноември, сабота со почеток од 18:30 часот. Мечот меѓу Швајцарија и Македонија ќе се одигра во „ББЦ Арена“, каде што домашните натпревари ги игра екипата на Кадетен Шафхаузен.