Швајцарските власти со заем од 350 мил. франци ќе им помагаат на фудбалските и хокеарските клубови

0

Швајцарските фудбалски и хокеарски лиги ќе добијат заем од 350 милиони швајцарски франци за справување со кризата, што ја предизвика пандемијата на коронавирусот, објавија медиумите.

Според истите, првата транша ќе изнесува 175 милиони швајцарски франци и треба да помогне во неутрализирање на буџетскиот дефицит од 1 јуни во текот на следните шест месеци. Од оваа сума, хокеарските лиги ќе добијат 75 милиони франци. Овој заем мора да се врати во рок од пет години. Втората транша ќе биде обезбедена за една година. Периодот за враќање кај неа ќе биде 10 години за отплата.

Средствата се наменети под услов парите да не можат да се искористат за исплата на плати на високо платени играчи, туку се наменети за развој на млади спортисти. Клубовите кои ќе одлучат да земат заем ќе бидат должни да ги намалат платите на играчите за 20% во текот на следните три години.

Share.

Leave A Reply