Марко Шварц од Австрија успеа зад себе да ги остави сите фаворити и да победи на слаломот одржан во Аделбоден (Швајцарија).
За 25-годишниот Шварц ова е прва победа во Светскиот Куп, кога е во прашање настапот во слаолом. Претходно во кариерата има два триумфа во Осло и еден во Венген, но во комбинација.
Второто место денес во Аделбоден му пропадна на Линус Штрасер од Германија кој заостана за 14 стотинки, а третопласиран беше Дејв Рајдинг од Велика Британија со заостанување од 15 стотинки.