Сидорова имаше забележителен настап

0

Анџелика Сидорова која го освои златниот медал на отворено во скок со стап во 2014 година и које е воедно европски шампион во сала од собирот во Прага во 2015-та, го постигна најдобриот резултат во тековнава сезона во Европа.

Русинката која се натпреварува како неутрална,  прескокна 4, 87 метри на собирот во Москва. Тоа е личен рекорд за неа како во салата така и на отворено.

Сидорова со тој резултат се проби на второто место на тековната светска ранг-листа на која води Американката, Сенди Морис со прескокнати 4,90 метри.

Share.

Leave A Reply