Силек го доби противникот во ЛШ

0

Екипата на Карабах од Азербејџан ќе му биде противник на нашиот Силекс на стартот на елиминациите за новата сезона во Лигата на фудбалските шампиони.

Поради пандемијата на коронавирус ќе се игра само по еден натпревар, дуелите од 1. квалификациско коло на ЛШ ќе се играат на 18 и 19 август. Доколку после регуларните 90 минути нема победник, истиот ќе се дознае преку продолженијата или пеналите.

Локацијата ќе ја диктира и состојбата со Ковид-19 во земјата домаќин, што значи дека мечот може да биде одигран и на неутрален терен.

 

 

 

Share.

Leave A Reply