Генералниот секретар на кошаркарската НБА лига, Адам Силвер, вели дека навивачите во салите би се вратиле дури во 2021 година.
„Одлуката дали ќе продолжи сезоната најверојатно ќе ја донесеме во јуни. Бидејќи големи 40 проценти од профитот на клубовите редовно доаѓа од навивачите, доколку играме без публика тоа ќе биде голем удар за екипите кои би биле во голема финансиска загуба“ – потенцираше Силвер. Според него, кога лигата ќе продолжи играчите ќе бидат тестирани за корона-вирус и доколку има нови позитивни истата нема да биде прекината.
НБА ќе ја форсира идејата сезоната да се доигра на две локации со скратена форма а како главни кандидати за домаќини се наведуваат Орландо и Лас Вегас.