Силвер: „НБА лигата нема да прекине и доколку некој играч е позитивен“

0

Комесарот на НБА, Адам Силвер, објасни што ќе се случи доколку играчот кој ќе биде тестиран е позитивен на КОВИД-19 при продолжување на сезоната. Силвер одговори на прашањето на Чарлс Баркли и рече дека сезоната нема да запре, дури и ако некој што ќе биде тестиран е позитивен.

„Не веруваме дека ќе биде потребно (да се запре сезоната). Во моментов работиме со група наши експерти во Флорида, како и со јавните здравствени власти. Нашиот став е дека ако секојдневно ги тестираме играчите, можеме да ги следиме контактите што секој ги прави. Моравме да ги разделиме заразените од тимот. И ние ќе продолжиме да тестираме секој ден. Не треба да ја прекинуваме сезоната ако еден играч даде позитивен тест”, рече Силвер.

Сезоната во НБА лигата треба да продолжи на 31 јули, а да заврши до 12 октомври.

Share.

Leave A Reply