Поранешниот фудбалер на Барселона и Арсенал, Силвино ќе биде назначен за нов тренер на Олимпик Лион, објавија француските медиуми.
Изминатиот месец Силвињо ја презеде младинската репрезентација на Бразил до 23 години за Олимпијадата во Токио, но според францускиот печат, 45-годишниот стратег веќе е ослободен од оваа позиција и ќе го наследи Бруно Женезио на чело на Олимпик Лион.
Тој се согласил со раководството на тимот за двегодишен договор.