Тренерот на Атлетико (Мадрид), Диего Симеоне, со пофалби зборуваше за неговиот колега од Челзи, Томас Тухел, во пресрет на претстојното осминафинале меѓу двата тима од Лигата на шампионите.
„Челзи многу се смени под водство на Томас Тухел. Тие имаат неколку одлични играчи во својот тим и генерално вложија многу пари во клубот. Имаат голмани на многу високо ниво и нивните напаѓачи можат да играат за која било екипа во Европа”, – рече Симеоне.
„Но, ние го имаме Суарез. Тој е роден голгетер и неговото присуство му дава на тимот самодоверба. Сакаме да победиме на овој натпревар против силен противник кој има одличен тим. Тие знаат како играме, но нема да смениме ништо”, додаде Симеоне.
Атлетико не можеше да биде домаќин на натпреварот во Мадрид па затоа ќе играат во Романија, бидејќи Шпанија забрани летови од Велика Британија поради пандемијата КОВИД-19.
Токму во овој град Симеоне ја освои својата прва титула со Атлетико во Лигата на Европа во 2012 година.
„За секого е различно, но ние ќе излеземе на мечот како да играме дома“, додаде Симеоне.