Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го коментираше исходот од натпреварот од 26. коло на шпанското првенство со Реал Мадрид (1:1).
„Го контролиравме натпреварот во поголемиот дел, игравме одлично во дефанзива и имавме добри шанси, но не ги реализиравме, за што плативме на крај. Во фудбалот мора да дадете сè од себе и да ризикувате. Ако не го сторите тоа, вашите противници ќе го израмнат резултатот. 1:0 е минимална предност што исчезнува кога противникот ќе постигне гол. Што се однесува до тоа што сме лидери на табелата, не сакам да донесувам заклучоци, гледам доволно позитивно во играта на мојот тим, но има уште многу натпревари до крајот на сезоната“, изјави Симеоне.
Атлетико и понатаму е лидер на табелата пред Барселона која е втора и Реал Мадрид кој е на трето место.