Симеоне има прва желба за следната сезона: Ричарлисон од Евертон

0

Атлетико Мадрид и тренерот Диего Симеоне веќе одредија приоритетна цел за летниот трансфер пазар. Според весникот „АС“, тоа е бразилски напаѓач од екипата на Евертон, Ричарлисон.

Мадридскиот издание тврди дека “јорганџиите” веќе оствариле контакт со агентите на 21-годишниот фудбалер, за да проверат какви се неговите намери. Челзи и ПСЖ исто така се поврзуваат со можноста да го купат Бразилецот, но досега ниту еден од овие два тима нема испратено понуда.

Евертон ќе инсистира на многу висока трансфер цена за Бразилецот, кој се пресели на „Гудисон Парк“ од Ватфорд минатото лето за сума од 50 милиони фунти.

Share.

Leave A Reply