Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне очекува тежок, па дури и неизвесе дуел со РБ Лајпциг во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
„Како и секогаш, во четвртфиналето играат големи екипи. Лајпциг има одлична сезона, цело време се бори за првите места во Германија. Тие демонстрираат голема напаѓачка моќ и брзина“, рече популарниот Чоло за клупскиот канал.
„Секако шансите се 50-50. Ќе се обидеме да се подготвиме на најдобар можен начин“, рече аргентинскиот тренер на клупата на Атлетико Мадрид.
Пред преќинот на сезоната во Лигата на шампионните екипата на Атлетико Мадрид во осминафиналето го елиминираше актуелниот шампион Ливерпул.