Симеоне: „Реал беше подобар, не загубивме поради ВАР“

0

Екипата на Атлетико Мадрид го загуби градското дерби со Реал Мадрид, а тоа беше првата победа на „Кралевите“ на новиот стадион на Атлетико Мадрид,  „Ванда Метрополитано“.

Тренерот на домашната екипа Диего Симеоне, по мечот му честиташе на градскиот ривал и порача дека победата е сосема заслужена.

„Нашиот ривал беше подобар и добро организиран. Одиграа еден одличен натпревар. Му честитаме, а нам ни следува да се подготвиме за она што ни претстои. Не би сакал да зборувам дека ВАР технологијата имаше влијание на средбата. Знам дека технологијата не е перфектна и дека допрва ќе се надоградува и ќе не прави позадоволни. Немав време ниту пак сакам да ги погледнам спорните моменти, но се надевам дека судиските одлуки беа на место“ , изјави Симеоне.

Со овој пораз Атлетико ја загуби втората позиција на табелата во „Ла Лига“ и сега Реал Мадрид е таму со еден бод епредност пред нив. Атлетико Мадрид сега го очекуваат предизвици во Лигата на шампионите против Јувентус.

Share.

Leave A Reply