Симеоне со пофални зборови за Караско

0

Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне многу ретко дава лични проценки за настапот на своите играчи, но по вчерашниот натпревар против Барселона го пофали Јаник Фереира-Караско. Белгиецот ги заработи двата пенали, од кои Саул ги постигна головите за Атлетико Мадрид на „Камп Ноу“.

„Караско направи одлична работа. Тешко му беше после враќањето од Кина, но денес тој одлично се снајде. Јаник имаше клучна улога во натпреварот. Тој направи некои добри работи против Атлетик Билбао, но денес тој беше на високо ниво од првата до последната минута”, рече Симеоне.

„Среќни сме, но целта ни беше да победиме. Игравме добро и мора да продолжиме во ист дух. Важно е да се освојат доволно поени и да се обезбеди учество во Лигата на шампионите следната сезона”, рече Јаник Фереира-Караско.

26-годишниот крилен играч е во сопственост на кинескиот Далиен, но се врати во Атлетико, а двата клуба неодамна се согласија да ја продолжат неговиот позајмица до крајот на сезоната.

Share.

Leave A Reply