Симев за СПОРТСКО РАДИО 90,3 : „Вардар е институција, Вардар е религија, Вардар е повеќе од фудбалски клуб“

0

ФК Вардар го очекува првиот натпевар од групната фаза во Лига Европа, за прв пат еден наш клуб ќе биде дел од оваа фаза на Лига Европа, сонот на навивачите се исполни по одличните натпревари на Вардар во квалификациите кога во последното коло го елиминираат Фенербахче. Во изјавата за Спортското радио 90,3 ФМ, извршниот директор на ФК Вардар Самоил Симев потенцираше дека Вардар е повеќе од клуб, Вардар е религија. Само на чекот до тој меч за фудбалска историја, прв натпревар на „Филип Втори“ во Лига Европа и на гости ни доаѓа Зенит од Санкт Петерсбург. Извршниот директор на Вардар, Самоил Симев вели дека во клубот се подготвени за организацијата на овој натпревар.

„Мене ми е драго што по три години од превземањето на клубот успеавме да и донесе радост на навивачите на Вардар и на целокупната спортска јавност во Макеоднија со пласманот во групната фаза од Лига Европа. Се наоѓаме пред еден историјски момент, а се подготвуваме сите, и екипата и администрацијата затоа што сепак барањата на УЕФА за овие натпревари се посебни и веќе неколку дена се подготвуваме за самата организација на мечот со Зенит. Што се однесува до интресот за оваа средна, како се ближи натпреваот така се зголемува и инетересот, во првите денови се продаваа блок билетите и беа продадени 5 500 влезници, иако очекував дека ќе има многу повеќе продадени блок влезници, но ме радува тоа што продажбата на влезниците за мечот со Зенит оди одлично и очекувам стадионот да биде исполнет, секако дека тоа ќе биде добро и за играчите кои би имале максимална поддршка од публиката“ истакна Самоил Симев, извршниот директор на ФК Вардар.

Симев се осврна и на конкуренцијата и амбициите на Вардар во дебитансткиот настап во Лига Европа на УЕФА.

„Почит кон сите клубови кои с ево нашата група, но ние сме еден млад тим во ова натпреварување и учиме од ден на ден се повеќе, како организациски така и на теренот. Вардар е тим кој оваа година на сите три натпревари на домашен терен забележа победа, прими само еден го и тоа од пенал и тоа е само добро за зголемување на самодовербата на играчите пред натпреварите од групата во Лига Европа. Ќе одиме од натпревар до натпревар, ќе гледаме да освоиме што е можно повеќе бодови, нема да се оптеретуваме со тоа дали ќе се пласираме понатаму. Вардар е институција, Вардар е религија, Вардар значи нешто многу повеќе од фудбалски клуб и од име, тоа е наша гордост македонска и затоа неколку пати повторив, потредбна ни е поддршката од нашата спортска јавност. Вардар направи се што можеше за нашата публика за нашите фанови, сега ни е потребна поддршката за Вардар да продолжи да ги реди тие успеси“ заврши Симев во интервјуто за Спортското радио 90,3 ФМ.

Екипата на Зенит во Скопје ќе допатува во среда, во вечерниот термин од 19 часот ќе го одработат и официјалниот тренинг на Националната арена2Филип Втори“, а натпреварот се игра во четврток со почеток од 21.05 часот.

Share.

Leave A Reply