Симевски го објави списокот за дуелите со Шведска и Србија

0

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, кон крајот на мај и почетокот на јуни ќе ги одигра двата последни натпревари од квалификациите за ЕП Франција. Македонскиот тим теоретски е во игра за пласман на ЕП, но реално, шансите се минимални.

Претстои дуел со Шведска на домашен терен на 30 мај, а потоа на 3 јуни ќе гостуваме во Ниш против Србија. Потребни ни се две победи за да бидеме најдобро третопласирана репрезентација.

Селекторот Симе Симевски го објави списокот на играчи повикани за подготовките за овие два последни два дуела од овие квалификации. На списокот се најдоа 27 имиња:

Драгана Петковска, Матеја Серафимова, Амра Илјаз, Јована Мицевска, Јована Саздовска, Сара Ристовска, Наташа Нолевска, Марија Гајиќ, Теодора Керамичиева, Марија Штериова, Александра Боризовска, Душица Ѓоргиевска, Елена Ливриниќ, Леонида Гичевска, Елена Ѓеорѓијевска, Дајана Јовановска, Ивана Гакидова, Марија Николиќ, Милица Николиќ, Мирјета Бајрамовска, Ангела Тодоровска, Мила Трајковиќ, Моника Јаневска, Јована Кипријановска, Марија Тасевска, Јана Калајџиевска, Сања Дабевска.

 

Share.

Leave A Reply