Селекторот на женската ракометна сениорска репрезентација, Симе Симовски денес го објави поширокиот список на 35 ракометарки за претстојниот квалификациски турнир за бараж за Светско првенство.
Женската репрезентација на Македонија ќе игра во група 2 против репрезентациите на Исланд, Литванија и Грција.
Ракометната федерација на Македонија ја доби можноста да биде оранизатор на турнирот, откако Грција се откажа од организација. Од оваа група првите две пласирани селекции ќе обезбедат место во баражот за СП во Шпанија кон крајот на декември.
Турнирот ќе се одигра од 19 до 21 март во СЦ „Борис Трајковски“.