Синглтон има предлог до Евро-лигата

0

Кошаркарот на Ефес Пилсен, Крис Синглтон, има предлог како да се заврши тековната сезона во Евро-лигата. Американецот вели дека треба да се организира – „мартовско лудило“  или турнирите кои  се заштитен знак на колеџ НЦАА лигата во САД.

Црномурестиот играч вели дека турнирите треба да се организираат во три града а 18 екипи да бидат распоредени на двете страни од костурот.

„Мојот предлог е во моментов да го искористиме примерот од колеџ лигата“ – вели Синглтон.  Во Евро-лигата доколку продолжи сезоната, ќе треба да се доиграат уште шест мечеви од регуларниот дел.

Share.

Leave A Reply