„Сините“ ќе треба да исполнат три барања на Конте

0

Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Антонио Конте, в пресрет на последниот сезонски меч со Сандерленд , постави три цели.

Прво, Италијанецот сака неговиот тим да постигне 30-ет победи во шампионатот. Второ, да му се помогне на Куртоа да ја одбрани мрежата и да ја освои „Златната ракавица” и трето,  мечот да се искористи за подготовка  за претстојното финале на ФА Купот со Арсенал.

„Значајно е да ја завршиме сезоната со исполнувањето на нашите цели. Тие се поголеми од индивидуалните планови “, изјави Конте.

 

Share.

Leave A Reply