Синоќа во Градски Парк навивачите прославуваа со Работнички

0

Кошаркарите на Работнички по пауза од четири години повторно го донесоа Куп трофејот во „Градски Парк“. Вчера Работнички го совлада тимот на Блокотехна во финалето на Купот во Гевгелија и успеа да го освои драгоцениот пехар.

Најголемите поддржувачи на тимот, вчера ги пречекаа кошаркарите во Градски Парк за заедно да го прослават освојувањето на трофејот. Работнички со овој трофеј стана единствениот тим кој во својата клупска витрина има десет пехари.

Share.

Leave A Reply