Синот на Шекил О’Нил ќе игра за Аризона во NCAA лигата

0

Шариф О’Нил, синот на големата НБА ѕвезда, Шекил О’Нил одлучи да игра за Универзитетот во Аризона во следната сезона од NCAA лигата. О’Нил Џуниор е еден од најголемите таленти во колеџ натпреварувањата во САД, па многумина го следат неговиот развој пред да дојде време за преселба во НБА лигата.

„Ова е еден вид дежа ву. Мене татко ми никогаш не ми велеше ’направи го ова или направи го тоа’. Затоа и јас му дадов сам да си ја донесе одлуката. Тој доби многу писма, а пред неколку недели седнавме заедно и тој ја донесе одлуката. Прекрасно чувство“, изјавил Шек.

Share.

Leave A Reply