Синсинати го објави назначувањето на Јап Стам со погрешна фотографија

0

Фудбалскиот клуб Синсинати кој настаппува во МЛС лигата го објави назначувањето на поранешниот репрезентативец на Холандија, Јап Стам за тренер на тимот, а за таа цел објави фотографија на „Твитер“. Но, интересно е тоа што тоа го направија користејќи фотографија од сосема друго лице.

На „Твитер“ профилот на Синсинати се користеше фотографија од ќелав човек, кој изгледаше како новиот тренер. Корисниците во коментарите почнаа активно да пишуваат дека на фотографијата не е Стам, по што клубот објавил нова фотографија на која беше ликот на холандскиот тренер.

Поради пандемијата на коронавирусот, сезоната на МЛС лигата, како и повеќето фудбалски првенства ширум светот, беше суспендирана. Пред паузата, американските клубови успеаја да одиграат само две кола од новата сезона. Синсинати загуби во двата натпревари и моментно се наоѓа на 24-то место на табелата во МЛС лигата.

Share.

Leave A Reply