Симбин ги изненади фаворитите

0

Јужноафриканецот Акани Симбин ја освои титулата на 100 метри кај мажите на Игрите на Комонвелтот во Голд Кост а претставничката на Тринидад и Тобаго, Мишел-Ли Ахи успеа да победи во истата дисциплина кај жените.

24-годишниот Симбин се закити со златниот медал откако патеката ја помина за 10.03 секунди. Неговиот сонародник, Хенрик Бруинтие, го освои среброто а фаворитот за титулта, Јохан Блејк (Јамајка), остана со бронзен медал.Кај жените Ахиј триумфираше со резултат од 11.14 сек пред Кристал Вилијамс и Гаион Еванс, двете од Јамајка кои постигнаа идентичен резултат од 11.21 секунда. Англичанка Аша Филип остана на четвртото место.

„Дојдов тука и сакав да бидам на подиумот. Верував дека можам да го освојам златниот медал. Јас само се фокусирав на себеси “, рече Симбин

Share.

Leave A Reply