Македонската кошаркарска репрезентација денеска ќе гостува во Швајцарија во последното коло од групната фаза во првата претквалификациска рунда за Евробаскет 2021.
Нашиот тим е прв на табелата со максимален ефект од три победи и отворен пат кон наредната фаза. Селекторот, Јорданчо Давитков, посакува циклусот да се заврши победнички.
„Успеавме да го вклопиме и новиот Американец – Шејн Витингтон. Желба е да се продолжи серијата на победи, очекувам дека ќе биде тешко, но, нашата цел е само триумф. Швајцарците ќе се обидат да ја искористат предноста на домашниот терен“ вели Давитков во пресрет на мечот кој ќе започне од 19.30 часот.