Сите што контактирале со Димитров во Хасково се негативни на корона

0

Никој не е заразен со КОВИД-19 во Хасково по средбата со тенисерот Григор Димитров кој по настапите во Белград и Загреб објави дека е позитивен на корона-вирусот. ‘

Бугаринот додека бил во Хасково имал само една официјална средба – со градоначалникот, Станислав Дечев, кој подоцна задно со 21 лице бил ставен во карантин.

Димитров на споменатата локација имаше отворен тренин со Кристијан Гро кој исто така бил позитивен на ковид-19 а потоа се сликаше со фановите и разговараше со медиумите.

Share.

Leave A Reply