„Сити“ без Агуеро и Де Бруин на гостувањето кај Челзи

0

Две од најголемите ѕвезди на Манчестер Сити – Серхио Агуеро и Кевин де Бруин, не успеаа целосно да ги санираат своите повреди и нема да можат да земат учество во утрешното дерби со Челзи на „Стемфорд Бриџ”.

Аргентинецот, кој има 10 гола во 16 натпревари оваа сезона, заработи повреда во понеделникот, поради која го пропушти гостувањето кај Ватфорд. Де Бруин доби уште една повреда на коленото за време на фудбалскиот натпревар од „Карабао Купот“ минатиот месец. Пред извесно време се појавија информации дека тој се опоравува побрзо од очекуваното и ќе биде спремен за гостувањето кај Челзи.

Сепак, Пеп Гвардиола ја отфрли оваа можност.
„Двајцата нема да може да играат. Сепак ќе се вратат наскоро. На „Стемфорд Бриџ “секогаш е тешко. Имав многу натпревари во текот на изминатите сезони, но победив само еднаш – во минатата сезона. Повеќето пати сум губел таму”, изјави Гвардиола на денешната прес-конференција.

 

Share.

Leave A Reply