Англискиот фудбалски шампион, Манчестер Сити, денеска официјално го претстави третиот комплет на дресови за тековнава сезона.
Тој е во пурпурна боја со портокалови елементи на маичката и на чорапите. Две од ѕвездите на тимот – Риад Марез и Фернандино заедно со неколку дечиња беа дел од промоцијата.
„ Комбинацијата на портокаловата и пурпурната боја има многу елементи од минатото на клубот. Шарите се инспирирани од воздушниот поглед на Источен Манчестер заедно со стадионот „Етихад Емирати” . Тој дел ја симболизира нашата гордост бидејќи го претставуваме градот Манчестер како во Европа така и во светот ” -пишува во соопштението на „граѓаните“.