Англиските медиуми утрово пренесуваат информација која би можела да зададе огромни проблеми во актуелниот англиски шампион, Манчестер Сити.
Во исчекување на завршницата од истрагата за прекршување на финансискиот фер-плеј, од ФИФА доаѓа вест дека по примерот со Челзи и „граѓаните“ се соочуваат со забрана од регистрирање играчи во следните две години.
Причината е тоа што ФИФА утврдила низа нерегуларности во трансферите на младите фудбалери кои во минатото доаѓале во Манчестер Сити.
Доколку клубот од Манчестер добие две сериозни санкции ќе се најде во сериозни проблеми во следните две години.