Сити се враќа на трансфер пазарот, Пеп сака да купи 4 нови играчи

0

Манчестер Сити подготвува сериозна сума на финансии, со кои „граѓаните“ веднаш ќе се обидат да ја вратат титулата во Премиер лигата.

По вчерашната пресуда на Арбитражниот суд за спорт, со која беше укината санкцијата изречена на клубот од страна на УЕФА, сите грижи на сопствениците на Манчестер Сити исчезнаа и повторно ќе се вратат големи пари на стадионот „Етихад“. Според „Дејли меил“, Манчестер Сити ќе им понуди нови договори на водечките играчи во изборот на Пеп Гвардиола, а ќе привлече и меѓу две и четири нови имиња.

Истиот извор тврди дека меѓу желбите на менаџерот Гвардиола се двајца дефанзивци – Давид Алаба (Баерн) и Калиду Кулибали (Наполи), и двајца офанзивни играчи – Лаутаро Мартинез (Интер) и Феран Торес (Валенсија).

Share.

Leave A Reply