Светското првенство во хокеј на мраз во 2022-та година ќе биде реализирано во Финска, одлучи матичната федерација за време на редовниот конгрес.
Финска беше кандидат за домаќинство и за 2021-та година, но, гласовите на делегатите им дадоа поддршка на Белорусија и Летонија.
Натпреварите во двете групи на Светското првенство во Финска ќе се реализираат во градовите Хелсинки и Тампере.