Поранешниот селектор на Бразил, Луис Фелипе Сколари, и официјално е нов тренер на еден од бразилските фудбалски великани, Крузеиро. Тој синоќа потпиша договор со клубот до 2022 година.
71-годишниот Сколари во својата тренерска кариера беше тренер на Крузеиро, а за последен пат беше на чело на Палмеирас. На национално ниво, Сколари ја водеше и репрезентацијата на Португалија. Крузеиро моментално е во бразилската Серија Б, а по 15 кола го зазема незавидното претпоследно место на табелата со само 12 бода.