Скопје е домаќин на Ф4 турнирот во СЕХА лигата!

0

Извршниот комитет на СЕХА Газпром лигата ја донесе одлуката за годинешниот организатор на Ф4 турнирот. Во конкуренција на два града, Целје и Скопје, со едногласна одлука изборот падна на Скопје и СЦ „Јане Сандански“, каде „вардарци“ ќе ја имаат улогата на бранители на трофејот од лани.

Финалниот турнир од СЕХА лигата годинава ќе се одржи во периодот од 13 до 15 април.

„Наше големо задоволство и чест е да објавиме дека 7-миот Ф4 повторно ќе се одржи во Скопје, Македонија. Долгата и успешна ракометна историја, сме сигурни дека ќе донесе армија македонски навивачи кои ќе ги исполнат трибините за време на финалните натпревари. Нека победи најдобриот“, изјавил Синиша Остоиќ, извршен директор на СЕХА-Газпром лигата.

Share.

Leave A Reply