Скопје е домаќин на ИТТФ турнир во пинг понг за јуниори и кадети

0

Македонија и Скопје во периодот помеѓу 8 и 12 октомври во А1 арената на СЦ Борис Трајковски ќе биде домаќин на ИТТФ Светската јуниорска и кадетска серија од челенџ турнири во пинг понг, со учество на повеќе од 100 учесници од 20 земји од светот.

По тој повод, денеска во Агенцијата за млади и спорт беше организирана прес- конференција, на која свое обраќање имаше претседателот на ИТТФ, Томас Вајкерт, претседателот на Пинг Понг федерација на Македонија Горан Тиловски, и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

„Сакам да се заблагодарам за посетата на првиот човек на ИТТФ Томас Вајкерт на Македонија и Агенцијата за млади и спорт, разговаравме за се она што го правиме за развојот на овој спорт во нашата земја. Од моја страна го информирав за помошта која ја добива пинг понгот од страна на АМС, особено во младинските категории, а притоа очекуваме во најскоро време овој спорт да биде еден од најтрофејните во нашата држава“ истaкна Каевски.

„Дефинитивно бараме начини за да го промовираме овој спорт, а еден од најдобрите начини е токму организацијата на еден ваков турнир во Скопје.работиме на создавање на база, односно клубови и млади категории на натпреварувачи за да направиме подобра селекција , а подоцна би биле иднината на овој спорт во државата. Секојдневно се обидуваме да го зглемиме бројот на деца кои се занимаваат со овој спорт, отвараме нови школи и обезбедуваме услови децата да се занимаваат со пинг понг“ истакна Горан Тиловски, претседател на Пинг Понг федерацијата на Македонија

Денес на вториот ден на турнирот на програмата се завршните натпревари во екипна конкуренција и прогласувањето на победниците и доделување на одличјата на најуспешните екипи. Од утре до сабота следуваат натпреварите во поединечна конкуренција и во двојки.

Share.

Leave A Reply