Скопје подготвено за ЕП во кајак на диви води

0

По повод стартот на Европско првенство во кајак спуст на дива вода за јуниори и сениори до 23 години, чиј домаќин е Скопје од 2 до 5 август, денеска прес-конферецнија одржаа организаторите во Агенцијата за млади и спорт на Р. Македонија.

Техничкиот директор на првенството, Љубомир Спасиќ, истакна дека ова ќе биде најбројното ЕП во ова акатегорија одржано досега со учество на натпреварувачи од рекордни 16 земји, меѓу кои и Македонија.

И тој и претседателот на организацискиот одбор, Димче Стефановски, истакнаа дека добивањето организација на еден ваков настан е потврда на заложбите на македонскиот кајак за кревање на квалитетот на овој спорт во нашата земја на едно друго ниво.

Натпреварите ќе стартуваат утре со почеток од 9 часот, а ќе се одржуваат на потегот Матка – Шишево.

Share.

Leave A Reply