Скопски маратон 2019 ги очекува првите учесници

0

Од денеска стартува пријавувањето за учество на Скопскиот атлетски маратон за следната година. Откако оваа, маратонот го собори рекорд по посетеност, следната се очекува уште поголема масовност.

Оваа година низ улиците на Скопје се појавија околу 10.000 луѓе, а организаторот на настанот денеска информираше дека веќе е отворено пријавувањето за учество на следното издание на Скопскиот маратон кое ќе се одржи на 5 мај 2019 година. Истото ќе се одвива во неколку фази.

Следната година повторно има интересни изненадувања за тие кои ќе се пријават во првите три дена (21, 22 и 23.09.2018), па така, истите ќе ја имаат можноста да го изберат својот стартен број од понудените рангови на броеви. Воедно, сите кои ќе се пријават до 31 март 2019 година во стартниот пакет ќе добијат и маичка.

Share.

Leave A Reply