Еден од нашите најдобри фудбалски судии, Александар Ставрев, ја доби улогата да го суди дерби дуелот од 15. коло на ПМФЛ меѓу екипите на Вардар и Работнички. Локалното дерби овој пат нема да се игра на националната арена, туку на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари.
Овој натпревар е дерби на колото кое е закажано за 22 ноември (четврток). Интересно е тоа што на четирите од петте средби во ова коло во ПМФЛ, ќе судат судии од Скопје, само мечот меѓу А. Пандев и Победа ќе го суди Зоранчо Темелков од Кавадарци.