Скубе: повеќето ќе останеме во Вардар

0

Ракометниот интернационалец од Словенија во редовите на Вардар, Сташ Скубе, во интервју за „сиол.нет“, изјави, дека сопстевникот на тимот, Сергеј Самсоненко, ги покрил сите обрски кон играчите и дека поголемиот дел од нив се подготвени да останат во Скопје.

Самсоненко ги расчисти сите долгови, сè е во ред и ќе продолжиме да функционираме и наредната сезона. Можеби нема да бидеме истиот тим бидејќи неколку играчи си одат, но, повеќето остануваме“ – изјавил Скубе.

Искусниот бек токму со денешната изјава, стави крај на најавите дека може да направи трансфер во полскиот Киелце.

Share.

Leave A Reply