Скубе: Вардар никогаш не се потценува

0

Довчерашниот ракометар на Вардар, Словенецот Сташ Скубе за првпат по заминувањето од Скопје ќе биде на спротивната страна на теренот против „црвено-црните“. Словенечкиот среден бек имаше значајна улога во таборот на Вардар со кој успеа да дојде и до трофеј во Лигата на шампионите.

Неговиот Мешков Брест утре го пречекува македонскиот тим. Иако белорускиот состав е фаворит на оваа средба, сепак Скубе е внимтелен во изјавите.

„Тешко е да се каже. Да, има нови играчи, но рано е да се носи каков било заклучок. Кога првапат дојдов во Скопје ги губевме сите пријателски, а на крајот на сезоната ја освоивме Лигата на шампионите. Вардар нема ѕвезди како порано, со сигурен дека ќе биде опасен за сите противници“, рече Скубе.

Share.

Leave A Reply