Слаб настап на пливачите на ЕП во Копенхаген

0

На последниот деn од европското првенство во пливање во кратки базени кое се одржува во Копенхаген, утрово настап во квалификациите на 50 метри слободно имаше нашата пливачка Ана Јаневска. Таа настапи во првата квалификациска трка освојувајќи го 6. место во конкуренција на 7 пливачки со време од 27,06 секунди.

Во генералниот пласман во квалификациите на 50 метри слободно, Јаневска го зазема 63. место во конкуренција на 64 пливачки кои настапија. Единствено послабо време од Јаневска имаше пливачката од Косово, Мелиса Ждрела.

Во квалификациите на 200 метри пеперутка настапи Давор Петровски кој во првата квалификациска група беше последен со време 2:06,89 минути. Во вкупниот пласман Петровски заврши како последен, 42.

Share.

Leave A Reply