Словенците ни „лежат“, одиме на победа

0

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе ја пречека Словенија (20.45 часот) во обид да дојдеме до третата победа во квалификациите за ЕП 2020, со што ќе останеме во битка за едно од местата кои водат на континенталниот собир.

Македонија има подобар биланс од Словенија со три победи, реми и еден пораз. Против Словенците, патем, го одигравме и историскиот прв меч и ја остваривме првата победата со 4:1 во Крањ пред 26 години.

Во првиот меч од овој циклус, на гостувањето во Љубљана одигравме 1:1, а позитивен ефект очекуваме и на вечерашниот дуел во Скопје. Најавено е дека најмалку 20.000 гледачи ќе има на Националната арена, што ќе биде и посебен мотив за нашите фудбалери да дојдат до добар резултат.

ФУДБАЛ, КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2020

20.45 Македонија – Словенија

20.45 Австрија – Израел

20.45 Летонија – Полска

ТАБЕЛА:
Полска 13, Словенија 11, Австрија 10, Македонија 8, Израел 8, Летонија 0.

Share.

Leave A Reply