Сноубордистката Андерсон за историја на ЗОИ

0

Американката Џејми Андерсон ја одбрани титулата во дисциплината слоупстајл во натпреварите во сноуборд на ЗОИ во Пјонгчанг.

Американката триумфираше и стана првата сноубордистка која успеала да ја одбрани титулата во истата дисциплина од последната Олимпијада. Таа беше „златна“ и на ЗОИ во Сочи пред четири години.

Среброто го освои светската шампионка Лори Блуен од Канада, а бронзена остана претставничката на Финска и олимписка вицешампионка од Сочи 2014, Ени Рекајарви.

Интересно е да се спомене дека натпреварите минаа во многу тешки метеоролошки услови поради силниот снег.

Share.

Leave A Reply