Со победа ги завршивме квалификациите

0

Македонската фудбалска репрезентација со победата против Израел од 1 спрема 0 успеа да го освои третото место во квалифиакциската група за ЕП  што претставува  највисок  пласман низ циклусот квалификации за континенталните собири.

Човек на одлука беше Бобан Николов кој по изведениот корнер во самиот финиш на првиот дел успеа да го матира гостинскиот голман.

Во другите два меча во групата, Полска ја совлада Словенија со 3 спрема 2 додека Летонија ја совлада Австрија со 1 спрема 0. На крајот, Полска и Австрија заминаа на Континенталниот собир, Македонија заврши трета пред Словенија додека на дното се Израел и Летонија.

 

Share.

Leave A Reply