Со полни трибини до четвртатат победа сезонава во ЛШ

0

Ракометарите на Вардар денеска одат по четврта победа во низа во Лигата на шампионите и тоа во дуел против силниот германски ривал, екипата на Рајн Некар. Дуелот стартува во 17.30 часот и ќе биде уште една голема битка во дербито на колото според ЕХФ.

Вардар оваа сезона покажа дека е подготвен да ги менува лошите традиции и секако да потсетува на силниот Вардар од сите минати сезони. По сите заминувања, Парондо повторно има одличен тим кој ги решета противничките мрежи.

Македонскиот и германскиот тим петта сезона во низа се соочуваат во групната фаза, а досега одиграле осумпати, Вардар има пет победи и два порази, додека еден натпревар завршил нерешено.

Вардар ќе има максимална поддршка од трибините, билетите за овој меч речиси се распродадени.

Share.

Leave A Reply